Од кујната на Виолета - рецепт за турско ѓозлеме

 Овој четврток нашата неуморна Виолета ни подготви турско ѓозлеме. За да го подготвите овој рецепт не ви требаат многу време и пари. Едноставно, а вкусно.

Еве што се е потребно и како се подготвува турско ѓозлеме: 

200 мл млака вода
10 гр свеж квасец
1 мало лажиче сол
1 мало лажиче шеќер
3-4 лажици масло за јадење
400-450 гр брашно

Се меси и се остава половина час да одмори...Тестото се дели на 8 делови и од нив се формираат топки.
Едно по едно се сука на брашно и се отвора поголема кора,се прска со растопен маргарин,се става сирење и се затвора како плик.

Се пече на тефлонска тава која треба цело време да е намастена, по околу 3,4 мин од страна.