Фото на насловна - пред хотел Парк, `70-те години од минатиот век

 Во овие жешки денови со нашиот избор на насловна фотографија ќе ја освежиме вашата меморија, навраќајќи се во `70-те години од минатиот век. 

Погледнете како изгледаше плажата пред хотелот Парк во минатото. Шаренилото од природа, задоволни луѓе и прекрасно време, буди чувства, носталгија, но и желба да се случуваат вакви убавини и сега. 

Фотографијата за јавноста ја сподели нашиот сограѓанин Климе Белкоски.