Летно работно време на охридската Библиотека

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 14 јуни до 31 август годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.

 Во терминот од 08:30 до 16.00 ч. Библиотеката ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.

Од НУ Библиотеката „Григор Прличев“ информираат дека во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид.