Од кујната на Виолета - рецепт за познатите грклани

Нашата вредна Виолета денес ни ги  подготви познатите и вкусни грклани. Навистина лесно и брзо се приготвуваат, а целата постапка во продолжение: 

Потребно:

500 гр готово лиснато тесто
За шам
3 белки
100 гр шеќер

И уште за шербет:

40 мл вода
150 гр шеќер

Лиснатото тесто се развлекува со помош на сукалка и се сечат 10 ленти. Металните калапи се премачкуваат со масло или маргарин за да не се залепи тестото и по една лента на секој калап.

Се мачкаат со јајце и се печат во добро загреана рерна 20 минути на 220°С.



Шам: 

Белките убаво се матат со 100 гр шеќер а во меѓувреме се подготвува шербетот кој мора да се вари точно 4 минути и лажица по лажица се тура во белките и се мати со миксерот се додека не се добие многу цврста смеса.

Се полнат ладните грклани со шамот со помош на готварски шприц.

Декорација со шеќер во прав или стопено чоколадо.