НУ Библиотека "Григор Прличев" апелира навремено да се враќаат зајмените книги, за да ги читаат и други

 И покрај постојаните набавки и збогатувањето на фондот со нови наслови НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се соочува со проблемот позајмени а не вратени книги.

Од таа причина Библиотеката одлучи да ги повика сите корисници кои зајмиле книги до 2020  а не успеале да ги вратат, да го сторат тоа најдоцна до 31 декември, годинава.  

Целта е  книгите повторно да го продолжат својот живот меѓу читателите.