Дански научници ги поттикнуваат луѓето на вакцинација со помош на видеоигри

Дански истражувачи користат виртуелна реалност за да поттикнат на вакцинација против КОВИд-19, и тоа преку игра за маневрирање низ мноштво луѓе заразени со вирусот на градскиот плоштад.

Во експеримент на Универзитетот во Копенхаген учесниците носеле очила за виртуелна реалност и играле игра во која биле во улога на стара личност која се шета по плоштад и ги избегнува минувачите облечени во црвено, кои се заразени со КОВИД-19. Вакцинираните ликови во играта биле облечени во сина боја.

Учесниците потоа изјавиле дека чувството било исто како навистина да се таму и дека некои од нив  одлучиле потоа да се вакцинираат против КОВИД-19.

Од слични студии знаеме дека откако ќе го поминат тоа искуство во виртуелна реалност, кај учесниците се забележува поголема намера да се вакцинираат. Тоа веќе го забележавме со КОВИД-19“ изјави Роберт Бом, професор по психологија на Универзитетот во Копенхаген.

Таа идеја може да се искористи во ординациите на докторите, сугерира тој. Светската здравствена организација проценува дека со вакцинацијата ќе се спречат најмалку 4-5 милиони смртни случаи секоја година.

Во март годинава повеќе од 1/4 од возрасните во Европската унија изјавија дека би одбиле вакцинирање против КОВИД-19, покажа испитување кое го спроведе европската агенција Eurofound.

(Dnevnik.hr)

www.inovativnost.mk