Од кујната на Виолета - рецепт за неодоливото Трилече

Денес во нашата Кујна, Виолета ни го подготви добро познатиот десерт Трилече.

Овој рецепт лесно можете да си го направите и вие, бидејќи постапката е едноставна, а еве што се е потребно за подготовка: 

7 јајца
14 лажици шеќер
2 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
250 гр брашно

Белките се двојат од жолчките и се матат со шеќерот се додека не се добие цврста бела смеса, се додаваат жолчките и се продолжува со матење. Се додаваат пецивото, ванилиниот шеќер и просеаното брашно и со шпатула се меша да се изедначи смесата.

Се печи во тава 20х30 која е обложена со хартија за печење 20 мин на 200°С.

Во меѓувреме се подготвува преливот од:

500 мл слатка павлака
500 мл кондензирано млеко
500 мл млеко

Веќе печениот пандишпан се вади од тавата, се отстранува хартијата. Половина од преливот се тура во тавата во која се печеше пандишпанот,се боцка на неколку места со чепкалка за заби и се тура останатиот дел од преливот.

Се сече и се премачкува со подебел слој карамел.