Најголемиот леден брег во светот се одвои од Антарктикот

Најголемиот леден брег во светот се одвои од Антарктикот, што се гледа на сателитските снимки направени во рамките на европската програма Kopernikus, соопшти Европската вселенска агенција.

Ледениот брег наречен A-76 е долг околу 170 км и широк 25 км, а има површина од 4.320 квадратни км. Како што се прецизира во соопштението, ледениот брег се одвоил во Веделовото Море.

Првично го забележала Британската поларна истражувачка организација, чија база е во близина. Досега најголемиот леден брег беше A-23A со површина од 3.380 квадратни км, додаваат од европската агенција.

(N1)

(фото: Pxhere)

www.inovativnost.mk