Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води

    Црвен крст Охрид, за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид објавува повик за пријавување на кандидати за курс/обука за спасители на отворени води.

 Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2021 г.

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:
  • Да се на возраст од 18 до 35 години (да достават соодветен доказ  (извод на родени, лична карта)
  • Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт
  • Да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа
Повикот трае од 20 мај до 15 јуни 2021, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на пријавата на линкот
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSds7dg44K1xj6_W7GlxMYnKIStb6S3bYvVjT2bkePsvjTpsZg/viewform

На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода, Црвен крст Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман на соодветни капалишта во летната сезона 2021.