Нови 10 наслови од денеска ги чекаат читателите во охридската Библиотека

 Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ секојдневно се обработуваат нови наслови кои го наоѓаат патот до читателската публика . Во денешнава понуда се десет книги кои и официјално го почнуваат животот меѓу читателите и може да ги побарате на пултот за издавање.

Побарајте ги: стихозбирката „Кали“ од Ирена Нешковска а во издание на Нов Вавилон, „Срцето на една жена“ од Јасминка Ѓорѓиева во издание на Клубот „Коста Солев Рацин“ од Велес.  „Шафране мој“ од Сања Атанасовска , издавач Слово Љубве – Буквибукс.  Понудата на дела од жени – автори ја завршуваме со „Пукнатина на светлината“ од Билјана Станковска  во издание на Македонија презент.

Следат две книги на познатиот новинар и публицист од Крушево Крсто Топузоски „Крушевски Дангарлуци и „Жега и река“ обете во издание на Дијалог.

На денешната предлог листа се и насловите: „Ѕвездоскок“  од  Ален Нанов – Студио Батев , „Истапени сечила“ од Зоран Милошевски – ПНВ Публикации и „Сеништа на сонцето“ од Иван Стојановски од издавачот Современост.

Од странската, преведена литература ви ја предлагаме книгата „Рико,Оскар и Таинствените сенки“ од Андреас Штајнхефел во издание на Либи – дел од Арс Ламина.

За да можете да ги користите нашите услуги и позајмување на посочените и други книги треба да се зачлените во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ако досега не сте го сториле тоа.

Годишната членарина за возрасни е 300 а за ученици 200 денари.  Работното време на пултот за зајмување книги од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

НУ Библиотека