Кока Кола ја претстави првата кампања за газираната вода “Аха“

 Нешто повеќе од една година откако се појави во продавниците ширум светот, Кока Кола ја започна првата голема рекламна кампања наречена „Can i Get an Aha?“ за својот нов бренд, газираната вода Aha.

 Во мноштвото видеа направени од креативната агенција Preacher, актерите Лорен Лапкус и Колтон Дан, во речиси секој збор кој го изговараа, вклучуваа и „аха“. Некои примери се: „Ahawesome“ (Awsome), „Tahaco platter“ (Tacco platter) или „I’m feeling a little fahamished“ (Famished).

Кампањата ќе се прикажува во текот на летото на телевизиските, аудио и стриминг канали, како и на социјалните мрежи.

Извор – Маркетинг 365

 
 
 www.inovativnost.mk