Фото на насловна - охридски плоштад, 1969 година

 Време е за нова фотографија на нашата насловна страна. 

Овој пат повторно се враќаме во убавото минато на Охрид. Далечната 1969 година и убавините на охридскиот плоштад, исполнет со шаренило од цвеќиња, зеленило, дрвја, кои доминираат и го разубавуваат просторот, создавајќи слика која секој би ја посакал и во денешно време да биде дел од нашето секојдневие. 

Фотографијата ја позајмивме од фејсбук групата "Охрид, слики од минатото", каде за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Климе Белкоски.