Во пресрет на Велигден и Бајрам, Црвен крст Охрид ќе додели хуманитарни пакети, донација од "Охридски бисер Филеви"

 Во рамки на Неделата на солидарност, а во пресрет на празниците Велигден и Бајрам Црвен крст Охрид ќе помогне на 150 семејства во социјален ризик со поделба хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена.

Помошта е обезбедена и донирана од страна на брендот „Охридски бисер Филеви“ претставувана од потврдениот хуманист Михајло Филев.

Поделбата на хуманитарните пакети ќе се реализра на 28.04.2021 (среда) од 12 ч. пред седиштето на Црвен крст Охрид.