Од кујната на Виолета - посни лајбици со зачини

Нашата драга Виолета и овој четврток останува доследна на своето ветување, и нуди уште еден лесен и вкусен посен рецепт.

Идеја за оние кои постат, но и за сите други. Во вашето  утрешно мени вклучете ги и овие посни лајбици со зачини. За да ги подготвите потребно е : 

600 мл млака вода
1 лажица шеќер
1 лажица сол
100 мл масло
1 свеж квасец
1.100-1.200кг брашно
Копар,оригано,рузмарин по ваша желба

Се меси убаво да се добие меко тесто, се остава да одмори половина час.
Се дели на 11 делови од кои се формираат топки и се ставаат во тава со хартија за печење.
Се оставаат уште 40 минути да одморат, се премачкуваат со масло и се печат околу 25 минути на 200°С.