Како го одбележавме денот на планетата Земја?

  Еден воздух, една вода, една Земја... а многу љубов, грижа и свест од сите нас. Така го започнавме овој посебен ден посветен на нашата планета кој се слави 51 година.

Токму денес го одбележуваме Светскиот ден на планета Земја - 22 април. 

Во таа чест нашите #ПРЛИЧЕВЦИ повторно преку свои добри дела и се заблагодарија на оваа планета за нејзините природни убавини кои ни даваат живот и здравје, но и порачаа како да се однесуваме и што да направиме за да помогнеме да остане здрава и чиста.

Учениците од VII -1 одд од ООУ„Григор Прличев“ – Охрид, специјално за овој ден, за празникот на планетата Земја, направија оригинален видео – проект со наслов „ЕДНА ПЛАНЕТА ЗА СИТЕ“ потсетувајќи не дека:

„Ние сите сме деца на оваа планета.
Да ја сочуваме, да не ја загадуваме!“

Во проектот учествуваат 23 ученици со свои идеи и пораки, а сценариото и монтажата ги направи ученикот Иво Георгиески VII-1 одделение. 

Погледнете го видеото на овој линк.
 
 
 
 
Кликни за да зголемиш
 
0:15 / 6:17