Салата "Билјанини извори" интензивно се подготвува како регионален центар за вакцинација

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, информира дека интензивно се работи во салата „Билјанини извори“ која наскоро ќе стане првиот регионален центар за вакцинација.

Во салата се поставени сите:
14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,
14 пункотви за 28 вакцинални места.





Георгиески, преку својата официјална фејсбук страна, информира дека деновиве ќе се инсталира компјутерскиот систем за потребите на министерството за здравство, а ќе биде донесен и агрегатот за фрижидерот каде ќе се чуваат вакцините и по извршената дезинфекција салата ќе биде отворена за граѓаните.


 


Според планираното, салата треба да биде подготвена до петок.
 
Георгиески искажа огромна благодарност до компаниите СН Осигурителен Брокер и спортските обложувалници Евротип, кои не само што ги донираа сите паравани туку и сами ги наместија.

 Во овие моменти од исклучителна важност е солидарноста на општествено одговорните компании. Со нивен придонес овој вакцинален пункт ќе ги услужи граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Дебрца, Ресен и Кичево. - информираше градоначалникот.