Продолжува исплатата на ученички и студентски стипендии

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, информира дека продолжува исплатата на ученички и студентски стипендии.

 Деновиве се исплатени уште три рати од стипендиите за студенти и четири рати од стипендиите за основци и средношколци во вкупен износ 2.838.000 денари. Досега од општинскиот буџет за оваа намена се исплатени вкупно 4.872.000 денари.

 
Оваа година општина Охрид додели рекордни 412 ученички и студентски стипендии. Целта на стипендиите е мотивација на талентираните ученици и учениците со посебни достигнувања како и за помош и поддршка на ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови.


Извор: официјална фејсбук страна на  градоначалникот Константин Георгиески