Ноќеска започнува летното сметање на времето

Ноќеска, на 28 март, во 2 часот наутро, започнува летното сметање на времето, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.
 

Летното сметање ќе заврши во последниот викенд од октомври, со поместување на стрелките еден час наназад.
 

Поместувањето кон летното, односно зимското сметање на времето е со цел да се заштеди енергија.

Идејата за пресметка на зимско и летно сметање на времето се заснова на астрономската околност дека во јануари сонцето изгрева околу 8 часот, а заоѓа во 16 часот. Во јули, кога денот е подолг, сонцето изгрева пред 5 часот наутро и заоѓа по 21 часот.