Општа Болница Охрид апелира: Бидете дома, бидете одговорни!

Охридската Општа Болница ги црпи своите капацитети во лекувањето на пациентите кои боледуваат од Ковид-19. 

Во последното деноноќие, како што соопштуваат од Болницата, има 94 новозаболени пациенти. Повеќето од нив се со потешка клиничка слика. За  24 часа во Болницата се потрошени 110 боци за кислородна поддршка. Покрај тоа, здравствените работници се на работ на своите сили. Токму поради ваквите секојдневни случувања периодов, од охридската Болница постојано испраќаат апели до населението да ги почитува мерките за заштита од Ковид-19, бидејќи се стравува од исцрпување на капацитетите и неможност сите пациенти соодветно да бидат третирани. 

Да бидеме одговорни, да ги следиме препораките за заштита од вирусот, за што поскоро да излеземе како победници од оваа лоша реалност. 

За живот се работи!