Од кујната на Виолета - посен десерт во чаша

 Додека траат Велигденските пости, Виолета одлучи секој четврток да ни претставува по еден свој посен рецепт.  Така, сите верници кои постат, може да добијат идеја за посен, но истовремено и вкусен оброк или десерт. 

Денес, погледнете и применете еден едноставен посен рецепт за десерт во чаша. 

Се мелат 200гр посни бисквити.

1 пудинг од чоколадо се вари според упатство со 3 лажици шеќер и вода

100 мл вода

100 гр замрзнати вишни

3 лажици шеќер

Се варат заедно  водата, шеќерот и вишните, додека омекнат вишните.

1 лажица густин се раствора со 50 мл вода, се става  во вишните и се вари до згуснување.

Во соодветни чаши прво се налева од пудингот, слој бисквити, пудинг, бисквити и на крај се става слој од сварените вишни. 

Уживајте во ова слатко задоволство!