Финска е најсреќната земја во светот

 Изминатата година беше тешка за сите луѓе во светот. Не само што пандемијата на КОВИД-19 резултираше со над 2,6 починати луѓе, туку доведе и до драстична промена на она што се сметаше за нормален секојдневен живот.

Сепак, и покрај ужасните настани од последните 12 месеци и нарушувањето на менталното здравје во многу земји во светот, нема никаква промена на врвот на листата со најсреќни земји во светот.

Имено, четврта година по ред Финска е прогласена за најсреќна земја во светот на извештајот World Happiness Report, кој го составува Gallup. Исланд, Данска, Швајцарија и Холандија се веднаш по неа на втората, третата, четвртата и петтата позиција.

САД се искачија од 18. на 14. место,  Обединетото Кралство падна од 13. на 18. место, а Австралија си ја задржа позицијата на 12. место.

„Мора итно да извлечеме поука од КОВИД-19. Пандемијата не потсети на нашите глобални климатски проблеми, на итната потреба од соработка и на тешкотиите во соработката во секоја земја и глобално“ вели Џефри Закс, професор и директор на Центарот за одржлив развој при Универзитетот Колумбија, како и уредник на извештајот World Happiness Report 2021.

Годинава се соочиле со тешкотии при собирањето на податоците затоа што не можеле да прават интервјуа лице во лице во многу земји и морале да се фокусираат на врската меѓу добросостојбата и КОВИД-19. Затоа извештајот главно се базира на БДП, животниот век, дарежливоста, социјалната поддршка, слободата и корупцијата уште од 2012 година. Иако има некои промени во првите десет на листата, состојбата е слична како и претходната година.

Истражувачите велат дека не е чудно што Финска повторно е најсреќна земја во светот затоа што оваа нордиска земја секогаш има најдобра оценка кога станува збор за довербата меѓу луѓето. Довербата се смета за еден од главните фактори за заштитување на луѓето во текот на пандемија, како и довербата во владата.

Извештајот открива дека влошувањето на менталното здравје е проблем во многу земји, меѓу кои и Обединетото Кралство, каде што проблеми со менталното здравје имале 47% повеќе луѓе во мај 2020 година отколку пред корона кризата.

Извештајот покажа дека карантините и социјалното дистанцирање влијаеле на добросостојбата на работната сила. Според собраните податоци, луѓето кои не можеле да работат поради технолошки вишок или поради одобрено отсуство од работа станале 43% помалку среќни во споредба со тие кои не се чувствувале толку осамени.

Од нашите соседи најдобро е рангирана Словенија на 29. место, а после неа најдобро рангирано е Косово на 33. место. Потоа следуваат Србија на 48. место, Хрватска на 60., БиХ на 64. и Црна Гора на 72. место. Македонија се најде на 94. позиција во годинашниот извештај.

Ова се топ 10 најсреќни земји во светот:

1.Финска

2.Исланд

3.Данска

4.Швајцарија

5.Холандија

6.Шведска

7.Германија

8.Норвешка

9.Нов Зеланд

10.Австрија

(CNN)

(фото: Pxhere)

www.inovativnost.mk