Пристигна пролетта

Денес во 10:37 часот, во нашата земја и на северната хемисфера календарски пристигна пролетта. Во исто време, на јужната хемисфера настапи есента. 

21 март е вообичаената дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на северната хемисфера, односно есенска рамноденица (првиот ден на есента) на јужната хемисфера. 

Пролетта ќе трае до 21 јуни, кога во 5:32 часот ќе започне летото. Летното сметање на времето ќе почне во последниот викенд од месецов, ноќта помеѓу 27 и 28 март, кога стрлките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред.