На Тодорова сабота се посетува пештерната црква "Св. Богородица" во Велгошти (фото)

 "Света Богородица" е пештерна црква во охридското село Велгошти. Верниците масовно ја посетуваат на Тодорова сабота, кога се организираат служби со црковни пеења. 

Црквата е сместена на околу 2 километри југоисточно од манастирот "Света Петка", кон средината на јужната падина од гребенот Клучка. Сместена е во природна пештера и вклопена во карпестиот предел на планината Петрино. 



 Пристапот кон оваа црква е многу тежок, речиси невозможен, па секој кој сака да ја посети, треба да биде крајно внимателен. Но, и покрај таквиот пристап, верниците масовно ја посетуваат и уживаат во природните убавини во кои е сместена оваа црква. 



Нашите фотографии се од денешната, утринска посета на "Света Богородица".