ЈЗУ Општа Болница Охрид: Вирусот не мирува, добива на интензитет

 Најголем дел од позитивните лица на Ковид-19 во Охрид се до 40 годишна возраст. Матичните лекари ги загрижува податокот на се поголемиот број помлади лица, кои лежат во болниците или се инфицирани. Од општина Охрид и локалниот кризен штаб бараат заострување на мерките за групирање и движење како и одлука за зголемување на полицискиот час.



 Од самите нас и од нашата совест зависи колку долго ќе останеме “робови” на оваа пандемија. Многу од нас ги изгубија своите најблиски, многу од нас цел живот ќе имаат последици од прележаниот вирус, а би сакале да веруваме дека само мал број од нас ќе имаат грижа на совест поради нивното игнорантско и себично непочитување на препишаните мерки за заштита.

Луѓе, сфатете ја ситуацијата сосема сериозно, ние сме мала земја со мал капацитет на здравствена заштита. Ако самите себеси не си помогнеме, не очекувајте дека чуда ќе се случат преку ноќ.

Оставете ја политиката и меѓусебното нетрпение настрана, да бидеме сите едно. Да бидеме сите маскимално фокусирани на почитување на препишаните мерки. Ќе дојдат подобри времиња и за свадби и за веселби и за дружења.

Дајте ни шанса на нас здравствените работници да се почувствуваме горди оној ден кога ќе кренеме победничко знаме и ќе кажеме “благодариме народе што заедно со Вас го победивме овој ѓаволски вирус!
” - 
апелираат од  ЈЗУ Општа Болница Охрид