Од кујната на Виолета - посни бомбици готови за 5 минути!

 Поминува првата седмица од Велигденските пости, а оние кои постат не секогаш имаат идеја како да се засладат со некој посен десерт овој период. 

Нашата соработничка Виолета е тука секогаш со одлични идеи за рецепти кои може секој да си ги дозволи. За денешниот посен десерт ќе ви бидат потребни само 5 минути и три состојки:

2 банани
100 грама кокос
100 грама мелени ореви

Бананите се пасираат, се додаваат мелените ореви, дел од кокосот и се формираат бомбици. Бомбиците се валкаат во преостанатиот дел од кокосот. Доколку не ви се доволно слатки, во смесата може да додадете и малку мед или шеќер во прав. 

На здравје!