Конкурс за најдобра поетска творба: "За Прличев и Охрид каков што тој го сакал"

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по повод 25 март, денот кога  Прличев во Атина во 1860 година бил овенчан со „Ловоров венец“ распишува:  К о н к у р с  за најдобра поетска творба на тема:  „За Прличев и Охрид каков што тој го сакал“.

На конкурсот може да конкурираат ученици од општините Охрид и Дебрца и тоа во две категории:

Ученици од основните училишта VIII  и IX одделение

Ученици од средните училишта

За секоја од двете категории и возрасти ќе се доделат: прва, втора и трета награда.

Поетските творби посветени на Прличев треба  да се достават со име и презиме и  училиште, одделение или клас на следната електронска адреса: serdar_ohrid26@yahoo.com а авторството ќе се докаже со примерок од творбата.

Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата од вработени во  НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Конкурсот трае oд 25 февруари заклучно со 15 март (понеделник)  2021 година. Творбите доставени  по истекот на рокот наведен во конкурсот нема  да  се разгледуваат.

За изборот и доделувањето на наградите Библиотеката дополнително ќе извести.