Охрид украсен за утрешниот празник Богојавление - Водици

Охрид украсен по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Екипи на ЈП "Охридски Комуналец" поставија државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште.


Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби.

Општина Охрид, уште еднаш упатува апел до граѓаните при посета на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете.