Ова е најпаметната заштитна маска во светот!

 Познатиот производител на гејминг лаптопи, монитори и периферен гејминг хардвер, Razer, на годинашниот виртуелен саем за електроника CES претстави еден производ кој нема многу врска со видеоигри. Имено, Razer го претстави прототипот на заштитна маска наречена Project Hazel, која користи и некои од технолошките решенија кои се користат кај гејминг хардверот, како што е системот за проток на воздух и ладењето на компонентите.

Проектот Hazel во основа е професионална заштитна маска од категоријата N-95 и поседува вентилатор кој управува со протокот на воздухот, додека истовремено филтрира 95% од бактериите, вирусите и опасните честички. Вентилаторот може да се извади од маската и да се полни.

Прототипот доаѓа во кутија со безжично полнење во која се наоѓа и систем за дезинфекција на УВ зраците, што значи дека маската во текот на полнењето ќе се стерилизира. При развојот на маската Razer водел сметка за тоа гласот на корисникот да не се изобличува како што е случај со обичните маски, па затоа во маската ја вградил технологијата VoiceAmp, за која поднел барање за патентирање. Технологијата користи вграден микрофон и засилувач на звукот за да не се придуши гласот на говорникот и да се прочисти за јавна комуникација .

Како дел од дизајнот од Razer се потрудиле маската да биде проѕирна, да ги чита изразите на лицето на соговорникот, како што можете да видите од видеото во прилог. Понатаму, маската е направена од водоотопорен материјал, обложена е со силикон и делот кој стои на увото може да се подесува. Во неа е вградено и RGB осветлување за соговорниците да можат да го видат лицето на тој што ја носи. Корисниците можат да изберат светлосни шеми од 16,8 милиони бои за светлината да ја прилагодат на своите желби.

Од Razer велат дека маската е спремна за сериско производство и излегување на пазарот, но засега нејзината судбина е неизвесна затоа што многу работи ќе зависат од стиуацијата со пандемијата.

(Vidi.hr)

(фото: Razer screenshot)

www.inovativnost.mk