Фото на насловна - охридското корзо, 1979 година

  Време е за нова фотографија на нашата насловна страна. 

 И овој пат тоа е фотографија од минатото на Охрид, за да се потсетиме колку и како градот некогаш живеел, но истовремено да им покажеме на помладите генерации како се развивал Охрид низ годините. 

 Охридското корзо секогаш пленело со својата убавина, со бројните дуќани, со младите кои растеа и созреваа тука. Конкретнава фотографија која го прикажува охридското корзо е од можеби и  не толку далечната 1979 година, а ја позајмивме од фејсбук групата "Охрид, слики од минатото".