На Божиќ бесплатен јавен паркинг за сите корисници

 Утре, 07.01.2021, на празникот Божиќ, јавниот градски паркинг со кој стопанисува ЈП "Билјанини извори", ќе биде бесплатен за сите корисници. 

"Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божик и на таков начин ЈП „Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на Христовото раѓање. ЈП „Билјанини Извори“ им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет", –
 велат во  соопштението од јавното претпријатие.