Фото на насловна - Горна Порта, 1910 година

 Фотографијата која деновиве ќе биде дел од нашата насловна страна, не враќа во едно подалечно минато на градот Охрид. 

Горна Порта е едно од обележјата кои со векови опстојуваат како заштитни знаци на градот, а конкретнава фотографија, според податоците, датира од периодот околу 1910 година. 

Оваа фотографија за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски.