На градскиот плоштад поставен Новогодишниот базар

 Куќарки со автентичен изглед, изработени од соодветен дрвен материјал поставени се на Градскиот плоштад каде и ќе се одржи Новогодишниот базар.

 Во оваа сурова реалност, кога кризата со Ковид-пандемијата не згаснува, новогодишното украсување на градот и типизираните куќички, ќе создадат скромна празнична атмосфера, која ќе придонесе за мало бегство од секојдневието, кое се надеваме во најскоро време да си ја врати својата нормалност.