Фото на насловна - хотел "Парк", 1979 година

  Фотографијата која деновиве ќе ја краси нашата насловна страна датира од далечната 1979 година.

 На неа е претставен хотел "Парк" во сета своја оригиналност, онака како што го паметат охриѓани, кои со носталгија се потсетуваат на некогашните времиња. Фотографијата за јавноста ја постираше Јане Тупанчески во фејсбук групата "Охрид, слики од минатото".