Еве кои се најновите наслови во охридската Библиотека

 Најубава дружба за оние кои имаат слободно време на претек и сакаат да читаат, овие доцни есенски и врнежливи денови плус – корона пандемија, сигурно  е книгата.

Во понудата има за секого по нешто. Најпрво ви ја претставуваме трилогијата „Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин“ од авторот Ренсон Ригс и останатите две книги со поднаслов:  „Библиотека на душите“ и  „Градот на чудовиштата“.

Во овој неделен избор за читање ви ги предлагаме и следниве наслови: „Тивки години“, Алена Морнштојанова,  „Светски прваци“ од Славољуб Станковиќ, „Книга за пеколот“ од Емил Алексов, „Избрани песни“ од Влада Урошевиќ, „Лузитанија “ од Дејан Атанацковиќ,  „Животот на Арсенев“ од Иван Бунин, „Богатството на цар Радован“ од Јован Дучиќ и „Министерството за верна среќа“ од Арундати Рој .

Пултот за издавање книги работи секој ден од понеделник до петок од 8 и 30 до 13 часот и од 13 и 30 до 18 и 30 часот со триесетминутна пауза за дезинфекција по протоколот за заштита од Ковид -19 .

Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

НУ Библиотека – Охрид