На Светскиот ден на Детето - приказна за добра ноќ

 Денес се одбележува Светскиот ден на Детето. Целта е да се насочи вниманието на јавноста на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и на најважните проблеми со кои децата се соочуваат.

Светскиот ден на детето е прогласен на 20 ноември 1954 година на Генералното собрание на Обединетите нации, а пет години подоцна е усвоени и Декларацијата за правата на децата.

Генералното собрание на ОН на 20 ноември 1989 година ја усвоило Конвенцијата за правата на децата, првиот меѓународен документ од областа на човековите права кој посебно се занимава со децата.

Конвенцијата ја ратификувале 193 држави, а нејзините основни принципи се правото на живот, опстанок и развој, најдобриот интерес на детето, правото на партиципација, како и правото на недискриминација.

Сите деца ги имаат правата од оваа Конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, што работат нивните родители, дали се сиромашни или богати, кој јазик го зборуваат, на која религија или култура припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.

Сепак, покрај одредбите на Конвенцијата и напредокот кој е постигнат, статистиката покажува дека децата и понатаму се соочуваат со големи предизвици.

За добра ноќ на сите деца, ви нудиме една од многуте приказни интерпретирани од Раскажувачка.