Златен овесен доручек - рецепт!

 Појадокот е најзначајниот оброк во денот – ова често можеме да го слушнеме. Сите оброци се важни, но и научните студии велат дека утринскиот оброк не треба да го пропуштаме или да ни биде рестриктивен. Многумина често ја имаат оваа лоша навика.
 
Утрата треба да ги започнуваме со здрави, хранливи појадоци кои ќе нè држат сити подолг период. Овесот е токму таква храна и се смета за крал на доручеците. Секако, овесниот оброк добро е да се јаде во било кој дел од денот исто така.
 
Во продолжение, само еден од многуте здрави начини на подготовка на овесот – златниот овесен оброк, еден од највкусните појадоци на Индиската кујна.
 
Овој вкусен и здрав оброк многу лесно се подготвува. Името златен го добива од растителното млеко кое е помешано со куркумата и останатите зачини.
 
За овој рецепт ќе ви бидат потребни:
 
• 2 чаши растително млеко по избор (помеѓу подобрите се соја-ванила и бадемово млеко)
• 1 кафена лажичка ѓумбир во прав (уште подобро, рендан свеж)
• 1 кафена лажичка куркума во прав
• 1/2 кафена лажичка цимет
• црн пипер- по вкус
• 1 лажичка мед
• 1 чаша овесни снегулки
• некаков здрав прелив, по желба (на пример јаворов сируп)
• некакво суво овошје (најдобро сува смоква или урма), јатки и кокосов прав, по желба 
 
Начин на подготовка:

1. Во еден сад за готвење се ставаат млекото заедно со сите наведени зачини и медот. Содржината се меша до соединување и потоа се поставува на рингла убаво да се загрее.
 
2. Откако содржината ќе се загрее, се додаваат овесните снегулки и топлината се намалува, а садот се затвора. Гответе додека овесот убаво нè апсорбира од течноста, обично околу 5-10 минути.
 
3. Сервирајте и додате прелив и некакво суво овошје, јатки или кокос во прав, по желба.
 
*внимавајте на текстурата, доколку сакате потечен оброк, додадете малку повеќе од растителното млеко при готвењето.
 

Куркумата поседува моќни антиоксидативни и антивоспалителни дејства, пред сè поради полифелнолната компонента куркумин. Дополнително, поседува и антимикробни својства.
 
Ѓумбирот на сличен начин како и куркумата, содржи моќни антиоксидативни компоненти.
И двата зачини се погодни и за дигестијата.
 
Кога овие зачини ќе се искомбинираат со медот, циметот и хранливиот овес, добиваме налутникав, топол и здрав оброк кој е пријатен и за дигестијата.



Извор: www.drmitov.mk