Дупла доза убавина без филтер (фото)

 Охрид и Езерото постојано нудат убавини во кои сите ние задоволно уживаме, се восхитуваме, ги фотографираме.

 Особено волшебни се охридските зајдисонца, кои создаваат топли пејзажи во различни нијанси. Две фотографии се сведоци на едно исто зајдисонце, создадени од две 13-годишни сестрички близначки, кои со особена радост се воодушевуваа на небесните бои. И вешто ги овековечија. Софија и  Евгенија фотографираа од истиот агол, но со различен поглед, и што е најважно без употреба на филтри. Вистински одмор за очи - уживајте! 






Фото: Евгенија Ставрева
           Софија Ставрева