ЦЈЗ Охрид - изминатава седмица кај 120 лица од општина Охрид е дијагностицирано присуство на Ковид-19

 Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа,  Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата  од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини.
 
За период од 24 до 30 октомври 2020 г.
  • Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 231  лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
  • Од вкупно земените материјали, 105 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 126 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
  • Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во РСМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 195 лица и тоа кај 120 лица од општина Охрид, кај 54 лица од општина Струга и кај 21 лица од општина Дебар.
  • Во овој период оздравени се 27 лица од Охрид, 31 лице од Струга и 13 лица од Дебар.
  • Во овој период починати се 2 лица од Охрид,  5 лица од општина Струга и 3 лица од Дебар
  • Активни случаи во Охрид се 232,  во Струга 101, а во Дебар 58.
 
Од почетокот на епидемијата до 30 октомври 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај  вкупно 1860 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 702 лица во општина Охрид и Дебрца, 822 лице во општина Струга и Вевчани и 336 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 438, од Струга се 648, а од Дебар и Центар Жупа се 260 пациенти
-од општина Охрид и Дебарца има 23 починати пациенти, од општина Струга се починати 75, а од Дебар и Центар Жупа се починати 18 лица
 
 
 
 
 Во овој период коронавирусот е широко распространет, во локална трансмисија и со засилена активност.
Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго  придржување  и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:
 
  • ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА
  • ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.
  • ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА
  • ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ