Во завршна фаза е изградбата на Баскет игралиштето во населба "Црногорци"

 Во завршна фаза е изградбата на  Баскет игралиштето   што го градат  општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија.

 
Игралиштето е сместено во делот за млади и спорт и е  со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На него е поставена  специјална подлога за играње кошарка, рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи.

Игралиштето е  наменето за спорт и рекреација на жителите од населба „Црногорци“. Општина Охрид  во иднина планира  овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk