ЦЈЗ Охрид: 78 активни случаи на COVID-19 во Охрид, 169 во Струга

 За периодот од 08 до 14 август 2020 г. Центарот за јавно здравје Охрид информира за 78 активни случаи на COVID-19 во Охрид, 169 во Струга, 65 во Дебар. 

За истиот период ЦЈЗ ги дава и следниве податоци: 
  • Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 240  лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
  • Од вкупно земените материјали, 181 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 59 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
  • Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 15 лица од општина Охрид, кај 31 лица од општина Струга и кај 13 лица од општина Дебар. 
  • Во овој период оздравени се 18 лица од Охрид, 51 лица од Струга и 68 лица од Дебар
  • Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 1 лице од општина Дебар.
 
Од почетокот на епидемијата до 14 август 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај  вкупно 1032 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 305 лица во општина Охрид и Дебрца, 503 лице во општина Струга и Вевчани и 224 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 223, од Струга се 304, а од Дебар и Центар Жупа се 150 пациенти.

-од општина Охрид и Дебарца има 9 починати пациенти, од општина Струга се починати 44, а од Дебар и Центар Жупа се починати 7 лица.
 
 
 
 Коронавирусот е сеуште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго  придржување  и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:
  • ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА
  • ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.
  • ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА
  • ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ
Бидете одговорни...Уживајте во летото, безбедно...МОЖНО Е!