ЦЈЗ Охрид - 120 активни случаи на Covid-19 во Охрид, 149 во Струга

 Во последниот билтен на ЦЈЗ Охрид, за периодот од 11 до 17 јули 2020год., информираат за 120 активни случаи на Covid-19 во Охрид, 149 во Струга и 110 во Дебар. 

За наведениот период, ЦЈЗ Охрид излезе и со следниве податоци: 
  • Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 282  лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 149 лица, во општина Струга и Вевчани 64 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 69 лицa.
  • Од вкупно земените материјали, 218 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 91, Струга и Вевчани 58, Дебар и Центар Жупа 69), а 66 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 58, Струга и Вевчани 8, Дебар и Центар Жупа 0)
  • Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 12 лица од општина Охрид, кај 50 лица од општина Струга и кај 37 лица од општина Дебар
  • Во овој период оздравени се 27 лица од Охрид, 6 лица од Струга и 1 лице од Дебар
  • Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 5 лица од општина Струга


 
Од почетокот на епидемијата до 17 јули 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на  вкупно 656 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 231 лица во општина Охрид и Дебрца, 350 лице во општина Струга и Вевчани и 174 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 113, од Струга се 157, а од Дебар и Центар Жупа се 61 пациенти

-од општина Охрид и Дебарца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 39, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица
 
 
 Епидемијата од коронавирусот се уште трае. Коронавирусот се уште циркулира меѓу нас. Од Центарот за јавно здравје апелираат на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме  мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.
 
ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!