Фото на насловна - На пристаниште, 70-те години на минатиот век

 Фотографијата која деновиве ќе биде дел од нашата насловна страна, е уште едно навраќање на охридското минато. 

 Станува збор за периодот од 70-те години на минатиот век, и може да се каже дека приказот на охридското пристаниште не се разликува многу од денес. Единствено отсутни се голем број пловни објекти кои се дел од денешното живеење на нашиот туристички центар. 

Фотографијата ја позајмивме од фејсбук групата "Охрид, слики од минатото" каде ја постираше нашиот сограѓанин Климе Белкоски.