161 активен случај на COVID-19 во Охрид, 148 во Струга

 Центарот за јавно здравје - Охрид, во својот неделен билтен со информации кои се однесуваат на Корона вирусот, за периодот од 27 јуни до 03 јули 2020 г., информира дека активни случаи во Охрид се 161, во Струга 148, а во Дебар 51. 

Покрај овие, ЦЈЗ Охрид, за наведениот период ги изнесува и следните податоци: 
  • Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 280 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 129 лица, во општина Струга и Вевчани 114 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 37 лицa.
  • Од вкупно земените материјали, 176 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 73, Струга и Вевчани 66, Дебар и Центар Жупа 37), а 104 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 56, Струга и Вевчани 48, Дебар и Центар Жупа 0)
  • Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 50 лица од општина Охрид, кај 52 лица од општина Струга и кај 13 лица од општина Дебар.
  • Во Охрид 75 пациенти се на домашно лекување, во Струга 78 пациенти се на домашно лекување, а во Дебар 10 пациенти се на домашно лекување.
  • Во овој период оздравени се 9 лица од Охрид, 10 лица од Струга и 4 лица од Дебар
  • Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 6 лица од општина Струга.
 
Од почетокот на епидемијата до 03 јули 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на  вкупно 537 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 190 лица во општина Охрид и Дебрца, 245 лице во општина Струга и Вевчани и 103 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 29, од Струга се 97, а од Дебар и Центар Жупа се 52 пациенти

-од општина Охрид и Дебарца има 5 починати пациенти, од општина Струга се починати 26, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица
 
Епидемијата од коронавирусот се уште трае. Коронавирусот се уште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме  мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање. - апелираат од ЦЈЗ Охрид. 
 
ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!