Денес календарски започнува летото

 Денес, сабота, 20 јуни, кај нас и на северната хемисфера започнува летото.

 Оваа сабота ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум) на северната хемисфера, а на јужната пак, ќе биде најкраткиот ден. Денот ќе трае цели 15 часа и 14 минути, а ноќта само 8 часа и 46 минути.

 Веќе од недела (21.06), деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември 2020 
година.

Поради елипсоидната форма на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни одејќи од екваторот кон половите, а различни се дури и во нашата држава. На екваторот, денот и ноќта ќе траат подеднакво по 12 часа. На северниот пол, пак, денот веќе трае непрекинато 6 месеци, а на јужниот пол со слично траење од 6 месеци е ноќта. Летото ќе трае 93 дена и ќе заврши на 22 септември, кога на северната полутопка ќе почне есента.

 Инаку, според долгорочните прогнози на големите светски метео-центри, ова лето на Балканот ќе биде доста топло и сушно.


Фото: Сашко Георгиески