ЦЈЗ Охрид апелира: воздржете се од прославување полуматури!

  Се наоѓаме во сложена и неповолна епидемиолошка состојба. Корона вирусот се уште е активен и циркулира околу нас. Токму тоа значи дека се уште треба да бидеме особено внимателни, и да се придржуваме кон пропишаните мерки за безбедност. 

 Од Центарот за јавно здравје Охрид, истакнуваат дека  непридржувањето на мерките за:

-правилно носење на заштитна маска/марама/шал
-често миење/ дезинфекција на рацете
-одржување на физичка дистанца не помала од 2 метра
-избегнување било какви собири и групирање;  значително го зголемува ризикот за лесно ширење на заразата со коронавирусот.
 
 Во овој период, особено апелираме до родителите и децата да не се организираат и одржуваат семејни и друг вид на собири и веселби поврзани со завршувањето на основното образование – полуматура! - апелираат од ЦЈЗ

Да бидеме одговорни, разумни, трпеливи, дисциплинирани!

Од секој од нас зависи времетраењето и исходот на оваа борба со корона вирусот. Се работи за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!