Фото на насловна - Охрид, 1968 година

 Фотографијата која деновиве ќе биде дел од нашата насловна страна всушност е разгледница  од Охрид насликана со топли бои и амбиент кој развеселува. 

На разгледницата се прикажани дел од прекрасните, надалеку прочуени миризливи охридски трендафили, пристаништето со бродовите "Галеб" и "Охрид", пливалиштето со пливачките патеки, и голем дел граѓани кои уживаат во овие убавини.

Разгледницата за јавноста ја постираше нашиот сограѓанин Милчо Георгиевски, а датира од далечната 1968 година.