Двокатниот туристички автобус осамен и заборавен

  Осамен и заборавен. Двокатниот отворен туристички автобус до неодамна беше охридска гордост и туристичка атракција, а денес е отфрлен и оставен на забот на времето. Неговата сегашна состојба предизвикува носталгија и тага, но истовремено и капка надеж дека ќе дојде време кога автобусот повторно ќе се стави во функција, и туристите повторно ќе уживаат во панорамското разгледување на Охрид. 

 Со емотивен фејсбук статус и неколку фотографии нашиот сограѓанин Стефан Димоски ја долови денешната состојба на автобусот, со кој меѓу другото, се организираа и едукативни сообраќајни часови за најмладите охриѓанчиња. 

http://Осамен и заборавен. Двокатниот отворен туристички автобус до неодамна, беше охридска гордост и туристичка атракција а денес, е отфрлен и оставен на забот на времето. Двокатниот, денес-празен а до пред некоја година-преполн со туристи и пресреќни дечиња, за кои организиравме едукативни сообраќајни часови. O tempora, o mores!