Вирусот е уште тука, да бидеме внимателни!

 Од денес е укинат  полицискиот час. Од утре угостителските објекти ќе бидат отворени, со строги мерки за претпазливост и заштита.

 Укинувањето на полицискиот час, и отпочнувањето со работа на објектите не значи дека е ставен крај на корона-кризата. Вирусот сè уште е тука, постои, се пренесува, и она што е најважно, свеста на граѓаните треба да биде на високо ниво по ова прашање. Не треба да се игнорираат препораките, или да не се почитуваат мерките. Животот постепено ќе се враќа во нормала, но тоа ќе биде пат исполнет со предизвици, затоа народот не треба да заборави на досегашната состојба и да се опушти.



  Од работни обврски остануваат ослободени хронично болните и родителите на деца до 10 години. Апел од министерот за здравство до сите граѓани е да ги почитуваат мерките. Тие остануваат на сила и следува казни за секое нивно непочитување. Да носиме здолжително заштитна опрема, често да ги миеме рацете, како и да ја одржуваме потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра. Вирусот е уште тука, да бидеме внимателни!