Како се зголемувал бројот на населението во светот низ годините до денес?

Како се движел растот на населението во светот од почетокот на нашата ера па се до денес?

 Се претпоставува дека за време на почетокот на нашата ера во светот живееле околу 300 милиони жители, а денес (2020 година) во светот живее население од околу 7,8 милијарди жители.

 Само во последните 200 години населението се зголемило за 6,8 милијарди жители, а во последните 9 години за 800.000 милиони. Се претпоставува дека во 2023 година населението во светот ќе достигне 8 милијарди, а во 2037 година 9 милијарди. Во табеларниот приказ подетално е прикажан историскиот раст на населението во светот.
 
Извори:
Маџевиќ М. (2011) Географија на население, Институт по географија, ПМФ, Скопје
https://www.worldometers.info/world-population/
https://ourworldindata.org/world-population-growth
 
 Благојче Најдоски, наставник по географија

Извор: Игео Портал