На прагот на Велигден - нека е за многу години!

  Велигден е најголемиот христијански празник, кој го одбележува и слави Христовото воскресение.

Со овој празник се прославува воскреснувањето на  Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по Велики петок.



Главното обележување на Велигден се вапцани јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал. Иако Велики Петок е најтажниот ден за сите христијани во светот, Велигден веднаш по Божик се смета за најрадосен христијански празник.



На велики Четврток се вапцуваат првите три јајца. Првото јајце е посветено на Бога, второто на домаќинот на куќата и третото за бериќет и среќа.  На велики Петок е строгиот пост. Правилниот пост е само да се пијат течности поточно вода,чај итн. На тој ден, Исус бил распнат. Христијаните во тоа време постеле од жалост. Бидејќи јадењето претставувало задоволство тие сметале дека не треба да јадат. На велика Сабота Исус веќе умрел. Тогаш, навечер се оди во црква и околу полноќ се кружи околу црквата, а потоа се кршат вапцаните јајца. Во неделата се мрси. На тој ден, Исус воскреснал.


 
Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!
За многу години!




Фото: Сашко Георгиески